Достапни линкови

logo-print

Џо Бајден соопшти дека син му починал од рак


Џо Бајден.

Џо Бајден.

Американскиот заменик-претседател Џо Бајден соопшти дека неговиот син Бо починал од рак на мозокот. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека „целото семејство Бајден е тажно, но дека духот на Бо ќе живее со нив“.

Бо Бајден бил Јавен обвинител, а потоа работел во адвокатска канцеларија, тој служел и во Ирак како капетан на Националната гарда. Синот на Бајден се здобил со мозочен удар во 2010, а минатата година бил подложен на третман против рак во медицински центар во Тексас.

XS
SM
MD
LG