Достапни линкови

Украдена слика на аукција на Сотбис?


Илустрација.

Илустрација.

Руското биро на Интерпол испрати барање до британските власти да ја блокираат аукцијата на слика од руско-ерменскиот уметник Иван Аивазовски. Руското министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека сликата „Вечер во Каиро“ била „украдена од приватна колекција во Москва во 1997 година“. Аукциската куќа Сотбис соопшти дека сликата од 1870 година, која требаше да биде ставена на продажба на 2 јуни, вреди помеѓу 2,3 и 4,6 милиони долари. Од Сотбис за новинската агенција Ројтерс изјавија дека биле свесни за наводите дека сликата била украдена, но оти не нашле ништо во базата на податоци за украдени уметнички дела.

XS
SM
MD
LG