Достапни линкови

Саакашвили назначен за гувернер на украински регион


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.

Украинскиот претседател Петро Порошенко го именува поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили за нов гувернер на регионот Одеса во југозападна Украина. Новинската агенција Интерфакс објави дека Порошенко го потпишал указот со кој на Саакашвили му се доделува украинско државјанство. Саакашвили беше претседател на Грузија за време на краткотрајната војна со Русија во 2008 година поради отцепениот грузиски регион Јужна Осетија. Неговото назначување за гувернер се очекува да ги заостри тензиите меѓу Киев и Москва. Саакашвили е жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG