Достапни линкови

Полицијата спречи обид за геј парада во Москва


Руската полиција уапси неколку активисти за правата на хомосексуалците кои се обидуваа да одржат парада во центарот на Москва.

Полициските службеници ги привеле активистите додека околу 30 контрадемонстранти со макси на лицата фрлаа со јајца на активисти.

Неколку православни контрадемонстранти исто така беа приведени од страна на полицијата. Обидот за протест го следеа голема група на руски и странски новинари.

Геј активистите за човекови права инсистираа на одржување на настанот на 30 мај и покрај тоа што судот во Москва забрани да се одржи таков протест.

Хомосексуалците во Русија се соочи со редовни малтретирања. Тие бараат да се одржи парада на гордоста во главниот град, но власта постојано одбива.

XS
SM
MD
LG