Достапни линкови

Сирискиот режим користи барел бомби


Најмалку 45 луѓе загинале, а десетици се повредени во сириската провинција Алепо од барел бомби исфрлени од хеликоптери на сирискиот режим, соопшти сириската опсерваторија за човекови права. Од таму соопштија дека на 30 мај бомби паднале на градот Алепо, во засолништа на бунтовниците при што загинале 12 лица.

Француската новинска агенција АФП јавува дека 33 цивили се убиени на пазар во Ал Баб, околу 40 километри североисточно од градот Алепо во област контролирана од страна на екстремистичката група Исламската држава (ИС).

Употребата на барел бомби од страна на сириската влада наиде на жестоки критики од страна на групите за човекови права.

XS
SM
MD
LG