Достапни линкови

Путин упати честитки до Блатер


Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со честити до претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, за неговиот повторен избор за шеф на светското фудбалско тело.

Кремљ соопшти дека Путин „изразил уверување дека искуството, професионализамот и високиот авторитет на Блатер ќе му помогнат да ја прошири популарност на играта во целиот свет“.

Русија треба да биде домаќин на Светското првенство во 2018 година.

Блатер доби петти мандат за претседател на ФИФА и покрај апсењата, два дена порано, на седум претставници на ФИФА. Швајцарската полиција ги уапси врз основа на обвинение за корупција од страна на САД.


XS
SM
MD
LG