Достапни линкови

Проектот „Од народот за народот“ продолжува...


Несиме Салиоска од невладината организација РОМА С.О.С .
Несиме Салиоска од невладината организација РОМА С.О.С .

На скоро 50 отсто од социјалните корисници во Република Македонија им е прекинато правото на социјална заштита бидејќи во одреден период по различни основи примиле средства по пат на брз трансфер од роднини и пријатели кои живеат надвор од Македонија, пишува Несиме Салиоска од невладината организација РОМА С.О.С во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Јас не знаев дека не смеам да примам пари преку Вестерн унион. Социјалниот работник не ми кажа ништо кога ги поднесував документите за социјална парична помош, а сега ми стигна Решение со кое ми се укинува правото поради средства кои ми ги прати мој роднина од Германија наменети да платам струја и вода за неговата куќа во Прилеп. Плус треба да ги вратам примените средства изминативе месеци, а јас немам пари ни за леб, а камоли за друго - изјави 45 годишната Ф.А.

На скоро 50 отсто од социјалните корисници во Република Македонија им е прекинато правото на социјална заштита бидејќи во одреден период по различни основи примиле средства по пат на брз трансфер од роднини и пријатели кои живеат надвор од Македонија.

Станува збор за примена на Правилникот со кој се утврдува финансиската состојба на корисниците на социјална помош, а за што се донесени измени во февруари оваа година – беше кажано од правничката која работи на нудење правна помош во нашето здружение.

Од правен аспект за Ф.А. би важело следното „Незнаењето не нè ослободува од одговорност за сторените дела“, иако во исто време Уставот на Република Македонија вели: „Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните“.

Имено, во најновиот Правилник од 2015 година направени се измени кои укажуваат дека примените парични средства преку брз трансфер на пари треба да бидат до 50.000,00 денари, за подоцна истиот износ да биде заменет со 70.000,00 денари.

Притоа опфатени се и корисниците на социјална помош кои во текот на 2014 година примиле парични средства со што се применува повратно дејство односно станува збор за ретроактивна примена на правилникот, иако лицата не знаеле, а ниту можело да знаат за вакво ограничување, бидејќи во тоа време прописот не бил ни донесен.

Како и да е, на овој начин на скоро 50 отсто од социјалните корисници во Република Македонија им е прекинато правото на социјална заштита бидејќи во одреден период по различни основи примиле средства по пат на брз трансфер од роднини и пријатели кои живеат надвор од Македонија.

На што друго би алудирало ваквото постапување од страна на МТСП ако не на продолжение на проектите „Се грижиме за топол дом“ или „Од народот за народот“ во кои граѓаните сами помеѓу себе се солидаризираат за покривање на егзистенцијалните потреби, а институциите само ги администрираат ваквите „хуманитарни“ активности.

Сега стандардот ќе се подобри преку најавеното зголемување на социјалната помош за останатите 50 отсто од социјалните корисници, благодарение на роднините и пријателите од дијаспората кои ќе ја преземат грижата за лицата чие право е укинато и кои докажаа колку проектите на МТСП, а не законските прописи, се ефективни во пракса.

XS
SM
MD
LG