Достапни линкови

Временска прогноза - сончево и малку потопло


Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло. Преку денот ќе дува слаб, а наместа умерен ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи од 22 до 28 степени.

Во Скопје температура ќе се искачи до 26 степени.

За време на викендот се очекува претежно стабилно, суво и потопло време. Сепак, во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а од средината на наредната недела ќе продолжи затоплувањето, но во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд со грмежи.

XS
SM
MD
LG