Достапни линкови

Хрватска-Ветераните се засолниле во црква по протестите


Хрватските воени ветерани во црквата во Загреб.

Хрватските воени ветерани во црквата во Загреб.

Повеќе од 100 хрватски воени ветерани се засолниле во црква во Загреб откако полицијата го прекинала нивниот насилен протест пред Парламентот и Владата. Ветераните, од кои некои и во инвалидска количка сега се под заштита на свештениците од црквата. Ветераните сметаат дека им се загрозени правата и бараат оставка на ресорниот министер Предраг Матиќ. Тие протестираат од септември минатата година и бараат подобар статус, како и социјална и медицинска помош, вработување и други бенефиции.

XS
SM
MD
LG