Достапни линкови

logo-print

МПЦ начелно прифати дијалог со СПЦ


Архиепископот на МПЦ гг. Стефан.

Архиепископот на МПЦ гг. Стефан.

Светиот архиерејски синод на МПЦ-Охридска архиепископија соопшти дека начелно го прифаќа предлогот за продолжување на дијалогот со СПЦ. Во соопштението се наведува и дека Синодот на МПЦ може повторно да побара милост од надлежните државни органи во случај на неповолно завршување на судските процеси. Исто така, во меѓусебната комуникација,како што е наведено, Синодот очекува, а би било општополезно, браќата од СПЦ да се однесуваат со почит кон МПЦ и тоа барем во онаа мерка што тие постојано ја манифестираат кон инославните.

Светиот Архиерејски Собор на СПЦ пред два дена го одобри продолжението на дијалогот меѓу нивни претставници и на МПЦ а условот, како што наведоа, е стопирање на прогонот на владиката Јован и на свештеници и верници на т.н. Православна охридска архиепископија.

XS
SM
MD
LG