Достапни линкови

Ахмети и Петерле разговарале за политичката криза


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Скопје оствари средба со Алојз Петерле, кој е претседател на Мешовитиот парламентарен комитет на Европската унија. Петерле го истакнал охрабрувањето на ЕУ за надминување на политичката криза и подготвеноста на институциите во Брисел да помогнат за нејзиното решавање.

Ахмети го запознал со напорите на ДУИ да иницира политички дијалог меѓу лидерите на четирите најголеми партии во земјата како и за конкретните ставови на партијата за излез од кризата. Во соопштението е наведено и дека недостигот на јасна евроатлантска перспектива како последица на нерешените прашања со соседите резултира со продлабочување на политичката криза и несигурност и недоверба меѓу двете најголеми етнички заедници во земјата. Според ДУИ, Ахмети повикал и ЕУ и САД да се вклучат активно и директно за да помогнат во решавањето на политичката криза.

XS
SM
MD
LG