Достапни линкови

logo-print

ИД напднала џамија во Саудиска Арабија


Експлозијата на автомобил бомба пред шиитската џамија во Саудиска Арабија.

Експлозијата на автомобил бомба пред шиитската џамија во Саудиска Арабија.

Четири лица загинале во самоубиствен бомбашки напад пред шиитска џамија во источниот дел на Саудиска Арабија за време на петочната молитва. Милитантите на Исламската држава ја преземаа одговорноста за нападот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека нападот во џамијата Ал Ануд во Дамам се случил откако полицијата забележала сомнително возило во близина на објектот. Според министерството, возачот на возилото е меѓу жртвите. Тоа е втор напад на шиитска џамија во земјата во изминатите седум дена.

XS
SM
MD
LG