Достапни линкови

Ослободен германски заложник во Авганистан


Германскиот хуманитарен работник кој беше киднапиран во
Авганистан во минатиот месец е ослободен. Германското министерство за надворешни работи соопшти дека работникот сега се наоѓа во германскиот конзулат во западниот авганистански град Мазар е Шариф и се чувствува добро. Според министерството, тој бил киднапиран во покраината Кундуз во средината на април додека се возел во такси. Мажот наводно работел за Германското општество за меѓународна соработка. Авганистанската полиција соопшти дека тој бил киднапиран од талибанците.

XS
SM
MD
LG