Достапни линкови

logo-print

МААЕ-Иран да одговори на прашањата за нуклеарната програма


Воената база Парчин

Воената база Парчин

Меѓународната агенција за атомска енергија му соопштила на Иран дека треба да ја зголеми соработката со организацијата во истрагата за обвинувањата дека земјата работи на развој на нуклеарно оружје. Во извештајот објавен денеска е наведено дека Иран обезбедил некои информации на организацијата за едно или две прашања, но потребно е да се одговори и на другите прашања и да дозволи пристап до воената база Парчин. Западот го обвинува Техеран дека спровел експлозивни тестови во Парчин кои се релевантни за развој на нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG