Достапни линкови

Пропалестински демонстранти го прекинаа конгресот на ФИФА


Конгресот на ФИФА во Цирих.

Конгресот на ФИФА во Цирих.

Некои пропалестински демонстранти кратко го прекинале конгресот на ФИФА во Цирих со цел да добијат поддршка за предлогот Израел да биде исклучен од фудбалската асоцијација. Двајца демонстранти го прекинале поздравниот говор на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер мавтајќи црвени картони и извикувајќи „Израел надвор“. Група од околу 150 пропалестински демонстранти продолжила да протестира пред местото каде се одржува конгресот.

XS
SM
MD
LG