Достапни линкови

Ирачките власти соопштија дека ги ексхумирале останките на 470 луѓе кои се верува дека биле убиени од милитантите на Исламската држава во близина на градот Тикрит минатата година. Телата биле ископани од четири локации. Министерот за здравство Адила Хамоуд изјави дека првата листа со имињата на телата кои ќе бидат идентификувани се очекува да биде објавена наредната недела. Милитантите на Исламската држава заробија околу 1700 војници, главно шиити на периферијата на Тикрит, кој се наоѓа на околу 140 километри од Багдад.

XS
SM
MD
LG