Достапни линкови

Егзекутирани тројца сепаратисти во Пакистан


Пакистан егзекутираше тројца сепаратисти од Балучистан кои беа осудени за киднапирање на авион во 1998 со цел да ги принудат властите да ги запрат со нуклеарните тестирања во регионот. Тројцата сепаратисти, кои беа осудени на смртна казна го киднапираа авионот со 30 патници четири дена пред земјата да го изврши првиот нуклеарен тест. Тие се обидоа да го принудат пилотот да го слета авионот во Индија, но наместо тоа тој слета во Хидерабад каде војската ги совлада напаѓачите. Властите соопштија дека напаѓачите се залагале за целосна автономија на Балучистан.

XS
SM
MD
LG