Достапни линкови

logo-print

Груевски-Што поскоро да почнат преговорите со ЕУ


Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека Македонија ќе беше членка на НАТО и ќе се финализираа преговорите за членство во Европската Унија доколку не се случеше попречувањето од јужниот сосед. Како што информира владина прес служба, Груевски за време на конференцијата во Тирана порачал и дека е важно што поскоро да започнат преговорите со ЕУ и паралелно да се решава спорот со името со Грција. Според него, европските интеграции ги забрзуваат реформите и се движечка сила со која се мобилизираат ресурси и енергија за да се унапредат реформите и државите да одат напред.

Лидерите кои учествуваа на конференцијата се согласиле дека преку економскиот раст, подобрата инфраструктура и креирањето на работни места би се намалиле разликите помеѓу земјите од Балканот и земјите од Европската Унија.

XS
SM
MD
LG