Достапни линкови

Укината пресудата за Шилегов во спорот со Јанкулоска


Петре Шилегов

Петре Шилегов

Апелациониот суд ја укина пресудата за портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во спорот против поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска. Шилегов лани од Основниот суд Скопје беше прогласен за виновен, бидејќи не било вистина оти Јанкулоска додека била на власт го зголемила четирикратно нејзиниот имот. Според апелација, немало основа за клевета, бидејќи податоците за имотот на Јанкулоска се добиени од државни институции.

XS
SM
MD
LG