Достапни линкови

Чавков и Бејли меѓу граѓаните во Дива населба


Оштетени куќи во Дива населба во Куманово после полициската акција против вооружена група.

Оштетени куќи во Дива населба во Куманово после полициската акција против вооружена група.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли денеска ја посетија кумановската Дива населба, каде пред скоро три недели беше спроведена полициската акција за разбивање на вооружена група. Чавков изјави дека настанот во Куманово бил изолиран и дека вооружената група не добиле поддршка од локалната заедница. Тој порача дека полицијата поинтензивно и поактивно ќе работи на благовремено идентификување на евентуални закани. Според него, македонските безбедносни сили не затаиле во случајот со Куманово.

Бејли изјави дека дошол да им даде поддршка на полицијата, граѓаните и на градоначалникот. Според него, најзначајното е дека граѓаните ја отфрлиле идејата дека тоа е етнички конфликт и дека насилството е прифатливо за нив.

XS
SM
MD
LG