Достапни линкови

Повици за одложување на изборите за претседател на ФИФА


Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус и неговиот британски колега Филип Хамонд упатија остри критики до ФИФА и повикаа изборите за нов претседател на организацијата да бидат одложени. Фабиус изјави дека барањето има смисла, бидејќи се уапсени високи функционери на ФИФА. Хамонд изјави дека има нешто многу погрешно во срцето на ФИФА. Според него потребна е реформација на фудбалската асоцијација. Изборите за нов претседател на ФИФА се закажани за утре.

XS
SM
MD
LG