Достапни линкови

Без обележани пешачки премини и со исклучена светлосна сигнализација, со дупки и крпеници, со остатоци од многу одамна поставените „лежечки полицајци“, кумановските сообраќајници се небезбедни за сите учесници во сообраќајот, реагираат граѓаните. Надлежните, пак, изненадени од вакви прашања објаснуваат дека се уште не е започната тендерската постапка, за да се надмине проблемот во сообраќајната инфраструктура.

Како возач, ми пречи, бидејќи ние веќе и заборавивме каде беа обележани пешачките премини. За жал, ми се случува да не пропуштам пешак. Како пешак исто така ми пречи. Како родител на две деца навистина не се чувствувам безбедно во сообраќајот во Куманово, воопшто.

„Како возач, ми пречи, бидејќи ние веќе и заборавивме каде беа обележани пешачките премини. За жал, ми се случува да не пропуштам пешак. Како пешак исто така ми пречи. Како родител на две деца навистина не се чувствувам безбедно во сообраќајот во Куманово, воопшто. Ме иритира што семафорите никогаш не работат, „лежечките полицајци“ што ги нема. Ме иритира целокупната сообраќајна некултура и неинвестирањето во сообраќајна инфраструктура, вертикална и хоризонтална сигнализација за град што има над сто илјади жители.“

„Дел од пешаците не знаат каде да поминат, некои по сеќавање поминуваат, но некој од страна, не знае каде да помине. Може и казна да заработи. А и не е безбедно воопшто. Општината или кој и да е надлежен треба под итно да ги одбележи, за безбедноста на граѓаните, особено за малите деца, за учениците. Ианку и во близина на училиштата никаде нема обележани пешачки премини или тие што биле обележани, веќе се избришани, не се гледаат.“

„Не е безбедно. Нормално дека треба да се обележи, не се чувствувам безбедно. Ми пречат и дупките по улиците“, велат анкетираните граѓани.

Лидија Ланг Спасовска раководител во општинскиот Сектор за урбанизам вели дека Општината Куманово работи на летно одржување на сообраќајниците оштетени во претходната година.

„Се крпат поголемите ударни дупки. Додека тој процес не се заврши не може да почне со хоризонтално обележување. Постапката за јавна набавка е во тек. За „лежечките полицајци“ тендерската постапка не е завршена и не знам во кој временски рок ќе биде окончана. Што се однесува до семафорската сигнализација во одреден дел од градот се поставуваат нови семафори, во останатите се врши реконструкција и по завршување на тендерската постапка ќе бидат поставени.“

РСЕ: Рокот не се знае? Можно е идната година да биде?

„Не, ќе биде во можен најкус рок.“

За учесниците во сообраќајот не се безбедни ниту пешачките патеки, тротоарите, на кои во голем дел од градот, особено во централното подрачје угостителите поставиле маси и столчиња, или пак се обележани паркинзи. Поради тоа пешаците се принудени да се движат по улиците или помеѓу возилата.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG