Достапни линкови

Државна тајна загубите на руската војска во време на мир


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се класифицираат информациите за воените загуби додека се спроведуваат специјалните операции во време на мир. Пред декретот само загубите на војската за време на војна се сметаа за државна тајна. Според новиот декрет, информации за поединци кои биле од интерес на руската разузнавачка служба, контраразузнавање и оперативни услуги со цел да се искористат како тајни соработници исто така ќе бидат дефинирани како државна тајна. Новиот декрет доаѓа во време кога земјата е обвинета дека испраќа војска во источна Украина со цел да им помогне на проруските бунтовниците во борбите со владините сили.

XS
SM
MD
LG