Достапни линкови

logo-print

Путин-САД се мешаат во работите на ФИФА


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на ФИФА. Путин изјави дека апсењето на седум високи функционери на ФИФА, кои се обвинети од САД за примање мито е со цел да се блокира реизборот на Сеп Блатер на претседателската функција. Тој нагласи и дека е свесен за притисокот врз Блатер за неговата поддршка Русија да биде домаќин на Светското првенство. Функционерите на ФИФА беа уапсени во Цирих, а швајцарските власти отворија дополнителна истрага за доделувањето на Светското првенство во 2018 и во 2022 на Русија и Катар.

XS
SM
MD
LG