Достапни линкови

Русија распоредила војска и опрема во близина на Украина


Руската војска распоредила голем број на војници и воена опрема во реон во близина на границата со Украина. Во воената опрема, како што јави Ројтерс имало мобилни ракетни лансери, тенкови и артилерија, кои биле донесени меѓу 23 и 26 мај во реонот, кој се наоѓа на 50 километри од Луханск, кој е под контрола на проруските бунтовници. Руското министерство за одбрана соопшти дека нема коментар.

XS
SM
MD
LG