Достапни линкови

Бајден: Соработка со Русија и покрај Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека Соединетите Држави би требало да ја продолжат соработката со Русија во области од заеднички интерес. Тој прецизира дека таа соработка се однесува на борбата против тероризмот и договорот за ограничување на иранските нуклеарни способности.

Разумно е да се соработува каде што има јасен заеднички интерес се додека тоа не бара повлекување од принципите, клучни за безбедноста и доброто на Вашингтон и неговите сојузници, изјави потпретседателот Бајден, говорејќи во Институтот Брукингс.

Она што се случува во Украина е во врска со правото на земјите на границата на Европа да ја одберат сопствената иднина. Тоа е во врска со иднината на НАТО и нашето единство и сила заедно да спречиме секаква агресија.

Тој за рускиот претседател Владимир Путин рече дека во основа бил практичен човек.

„Путин ќе турка колку што може и според мене, се додека не наиде на отпор и голема цена за плаќање. Можеби ќе продолжи, но ќе згреши. Но, ако ја погледнете неговата кариера тој е практичен човек“, вели тој.

Бајден го критикуваше Путин за анексијата на украинскиот полуостров Крим и за инволвираноста на Москва во конфликтот во источниот дел на Украина.

Конфликтот околу Украина е тест за Западот, за Европската унија и НАТО. Тест за сите нас. Путин смета дека има поголема моќ од сите овие страни што ги спомнав сега.

Според него, „руската агресија и буквално го смени пејзажот на европската безбедност“.

„Она што се случува во Украина е во врска со правото на земјите на границата на Европа да ја одберат сопствената иднина. Тоа е во врска со иднината на НАТО и нашето единство и сила заедно да спречиме секаква агресија“, рече Бајден.

Во изминатава година односите меѓу Москва и Западот паднаа на најниско ниво од Студената војна.

Кремљ ја оцени неодамнешната посета на американскиот државен секретар Џон Кери, но и на помошник секретарот за Европа Викторија Нуланд на Русија како знак за подобрување на билатералните односи.

Сепак, говорот на Бајден не понуди ништо ново во врска со позицијата околу руската инволвираност во Украина.

„Конфликтот околу Украина е тест за Западот, за Европската унија и НАТО. Тест за сите нас. Путин смета дека има поголема моќ од сите овие страни што ги спомнав сега“, рече Бајден, додавајќи:

Овие земји не се тампон зона, тие се независни суверени држави. Тие имаат право да изберат нивен пат и ние ќе им помогнеме во тоа.

„Визијата на претседателот Путин многу малку може да им понуди на луѓето во Европа или на оние во Русија , освен митови и илузии и погрешни ветувања за враќање на минатото“, рече тој.

Говорот на Бајден во Институтот Брукингс дојде откако претседателот Барак Обама ја критикуваше „руската се поагресивна позиција спрема Украина“.

Обама во Вашингтон разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Тој, пак, говорејќи во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон изјави дека Алијансата силно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на сите европски земји.

Столтенберг рече дека НАТО ќе работи да обезбеди соседите на Алијансата, како Грузија, Молдавија и Украина да останат стабилни и независни.

„Овие земји не се тампон зона, тие се независни суверени држави. Тие имаат право да изберат нивен пат и ние ќе им помогнеме во тоа“, рече Столтенберг.

Според него, руската провокативна реторика во врска со нуклеарното оружје била многу опасна.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG