Достапни линкови

Во САД секојдневни истраги за закани од ИД


Американската администрација предупреди дека Федералното истражно биро нема да биде во можност да се справува со заканите во земјата од милитантите на Исламската држава доколку Конгресот усвои закон против посебните мерки за надгледување. „Скоро секојдневно отвораме нови истраги во кои се вклучени милитанти на Исламската држава“, вели еден неименуван претставник на американската администрација додавајќи: „Тие имаат стратегија да охрабрат некого да земе оружје и да изврши терористички напад во Соединетите држави“. Законот со кој на ФБИ им се даваат поголеми права, како прислушување, истекува на 31 овој месец.

XS
SM
MD
LG