Достапни линкови

НАТО го поддржува територијалниот интегритет на сите во Европа


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата силно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на сите европски земји. Говорејќи во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон тој изјави дека НАТО ќе работи да обезбеди соседите на Алијансата, како Грузија, Молдавија и Украина да останат стабилни и независни. „Овие земји не се тампон зона, тие се независни суверени држави. Тие имаат право да изберат нивен пат и ние ќе им помогнеме во тоа“, рече Столтенберг. Според него, руската провокативна реторика во врска со нуклеарното оружје била многу опасна.

XS
SM
MD
LG