Достапни линкови

Бајден: треба да соработуваме со Русија и покрај Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека Соединетите држави би требало да ја продолжат соработката со Русија во области од заеднички интерес се додека тоа не бара повлекување од принципите, клучни за безбедноста и доброто на Вашингтон и неговите сојузници. Бајден прецизира дека таа соработка се однесува на борбата против тероризмот и договорот за ограничување на иранските нуклеарни способности. Според него, „руската агресија и буквално го смени пејзажот на европската безбедност“.

XS
SM
MD
LG