Достапни линкови

Заниер: соработката клучна за стабилноста на Балканот


Ламберто Заниер

Ламберто Заниер

„Последните настани во Македонија нагласија зошто е неопходно да продолжиме да работиме на зацврстување на стабилноста и безбедноста во регионот како и важноста на колективното ангажирање во промовирањето дијалог, толеранција и недискриминација во Југоисточна Европа“. Ова го оцени генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер на крајот од дводневната посета на Тирана. Според него, во регионот постојат нови предизвици кои можат да бидат надминати само преку заеднички регионален пристап. „Феноменот на странски терористички борци преставува алармантна безбедносна закана за многу делови на светот, вклучувајќи го и Западен Балкан“, оцени Заниер.

XS
SM
MD
LG