Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ-Штетна и погубна политика на СДСМ


ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека е готово со штетната и погубна политика на лидерот на СДСМ Зоран Заев и ниту еден креиран, сечен и монтиран материјал тоа не може да го промени. Според партијата, политиката на Заев носи само штета на граѓаните и на целата држава. Илија Димовски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека е јасно оти СДСМ нема никаков аргумент за наводен сторен криминал, и дека под водство на Заев партијата се претворила во клуб на оговарачи кој работи спротивно на интересите на државата. Секој граѓанин на Македонија, како што наведува Димовски ја плаќа цената на неговата желба за власт.

XS
SM
MD
LG