Достапни линкови

Пешевски - СДСМ и прави ненадоместлива штета на државата


Вицепремиерот Владимир Пешевски.

Вицепремиерот Владимир Пешевски.

Вицепремиерот Владимир Пешевски вели дека политичката криза ги одвраќа инвеститорите во земјата, а последиците од однесувањето на СДСМ го трпат граѓаните.

И утре да се реши политичката криза, ефектите од неа ќе се чувствуваат уште неколку години, рече вицепремиерот Владимир Пешевски на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Тој употребувајќи една поговорка дека „репутацијата се гради цел живот, а може да се изгуби преку ноќ“, рече дека од кризата најмногу може да изгуби сликата на земјата што се креира пред меѓународните инвеститори. Тој вели дека одредени инвеститори веќе ги откажале своите одлуки за инвестирање, а кризата се одразува и на кои со кои се разговарало да дојдат во земјата.

Со едноставни зборови кажано со ова однесување на опозицијата се нанесува ненадоместлива штета, штета што ќе продолжи да ја трпи Македонија не само сега, туку можеби и со години после ова, бидејќи враќањето на довербата е долг и макотрпен процес...

„Доколку не се случуваше ова, голем дел од нив очекувавме да донесат позитивна одлука за инвестирање, бидејќи кај странските инвеститори владее ефектот на снежна топка – кога ќе видат дека инвестициите доаѓаат сите полесно ја носат одлуката. Сега ќе имаме ситуација во која голем дел од овие компании, стотици компании, кои за да се најдат на овој список потрошени се години и години, државата потрошила огромни ресурси за да се стигне во оваа фаза, сето тоа во овој момент е сериозно загрозено или успорено“, вели Пешевски.

Пешевски одговараше на прашање на пратеникот Ѓорги Коџобашија од ВМРО-ДПМНЕ, кој праша какво е влијанието на политичката криза врз економијата? Пешевски вели дека политичката криза ќе се одрази врз домашните компании, ќе се намали потрошувачката на домашни производи, ќе се намалат вработувањата, а тоа ќе доведе до намалени приходи и на компаниите и во буџетот. Тој додаде дека кога ќе се постигне постабилно политичко решение краткорочните негативни ефекти брзо ќе исчезнат, но последици ќе се чувствуваат уште долго време.

Сакам да го убедам пратеникот дека Владата води сметка и презема чекори со коишто целосно им се помага на луѓето коишто живеат во таа Дива населба и кои немаат никаква вина за настаните кои се случија таму.

„Со едноставни зборови кажано со ова однесување на опозицијата се нанесува ненадоместлива штета, штета што ќе продолжи да ја трпи Македонија не само сега, туку можеби и со години после ова, бидејќи враќањето на довербата е долг и макотрпен процес. Опозицијата мора да биде свесна дека со ова свое однесување, со создавање на еден немир кај народот и кај бизнис заедницата и прави ненадоместлива штета на државата и дека ефектите ќе бидат негативни пред се за нејзините граѓани.“

Пратеникот Орхан Ибраими од ДПА вели дека во земјата наместо политички напредок, има политички хаос и дека сега сите очи на светските центри се свртени кон Македонија. Тој постави две прашања до Владата поврзани со неодамнешната акција во Куманово и згрижувањето на семејствата на кои им беа уништени куќите, а праша и за, како што рече, изборните нерегуларности во 2013 година. Тој за лошата состојба на Албанците во земјата ја обвини ДУИ.

Премиерот Никола Груевски вели дека на владина седница било одлучено да им се помогне на семејствата на кои им се уништени куќите во кумановско „Диво насеље“.

„Сакам да го убедам пратеникот дека Владата води сметка и презема чекори со коишто целосно им се помага на луѓето коишто живеат во таа Дива населба и кои немаат никаква вина за настаните кои се случија таму, а претрпеа штети на својот движен или недвижен имот и на некој начин дадена е првична помош, а следува и целосно обештетување и плус привремен престој во станови или во куќи кои ќе бидат изнајмени под кирија, а киријата ја покрива државата. “

Но Ибраими вели дека информациите од терен го тврдат спротивното.

А на второто прашање му беше ветено дека ќе добие писмен одговор од Министерството за внатрешни работи.

Пратеничката Лилјана Поповска меѓу другото се интересираше од каде е идејата да се садат палми низ Македонија? Заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски рече дека одлуката за засадување на палми е донесена по сознанијата од експертите дека овие дрва успеваат во Македонија и дека нема ништо лошо во тоа секое дрво кое може да успее, да биде засадено, рече заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG