Достапни линкови

logo-print

Рама-Не се заканив со вето за Македонија


Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека не се заканил со вето за приемот на Македонија во НАТО. Тој порача дека побарал само целосно почитување на Рамковниот договор. На заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во Тирана, Рама рече и дека настаните во Куманово покажале колку е кревок мирот на Балканот. Според него, неспорен интерес на Албанија и на Албанците во Македонија е територијалниот интегритет и функционирањето на земјата.

XS
SM
MD
LG