Достапни линкови

logo-print

Јубилејно Охридско лето со богата програма


Програмата на „Охридско лето“е една од најатрактивните во последните неколку години, велат упатените.

Респектабилна музичка и драмска програма ќе понуди годинешново 55- то издание на фестивалот Охридско лето кој започнува на 12 јули. Фестивалот годинава ќе го отвори светската музичка атракција Кармина Бурана и ансамблот Ла Фура Делс Баус од Шпанија. Тие во 1992 година настапиле и на отварањето на летните Олимписки игри во Барселона.

Оваа година имаме уште еден оскаровец, а тоа е Луис Бакалов кој ќе настапи со уште двајца пијанисти под називот Бакалов трио. Харизматичниот гитарист Един Карамазов кој ќе приреди концерт на лаута гитара.

Селекторот на музичкиот дел на фестивалот Гордана Јосифовска Неделковска рече дека програмата изобилува со квалитетни уметници кои ќе привлечат голем број на публика. Таа го најави настапот на светски познатиот пијанист Николај Лугански, кој на Охридско лето последен пат настапил во 1981 година како и јапонската виолинистка Мидори, и рускиот виолинчелист Андреј Књажев.

„Оваа година имаме уште еден оскаровец, а тоа е Луис Бакалов кој ќе настапи со уште двајца пијанисти под називот Бакалов трио. Харизматичниот гитарист Един Карамазов кој ќе приреди концерт на лаута гитара. На први август ќе имаме незаборавен концерт со виолинистот Стефан Миленковиќ со проектот Танго. Тој на крајот од својот настап ќе се претстави како танчер. „Ту челос“ ќе бидат вклучени во програмата на 8- ми август, рече Неделковска.

Слушајќи ги сите имиња. кои ми се добро познати, мислам дека фестивалот годинава ќе биде на рамништето на светските фестивали според тие имиња. Навистина ова е избор на светски звезди од музичката репродуктивна сцена.

Годинава роденденот на фестивалот ќе биде одбележан со големата атракција хорот Howard Gospel хор од Америка.

Ѓорѓи Јолевски селектор на драмскиот дел, рече дека мотото на годинешнава драмска програма е „театарот превенција против лудилото на војната“

„Првата претстава која ќе биде претставена на Охридско лето е претстава на Андрош Урбан. Претставата Неопланта, Урбан ја прави во продукција на Новосадскиот театар на унгарски јазик. Претставата кој зборува за градот Нови Сад кој поминува низ сите политички системи. Втората претстава е претставата која доаѓа од Израел. Се работи за претставата Нашиот клас. Пет години работев да го донесам театарот Камери“, рече Јолевски.

Во Охрид ќе бидат присутни и неколку домашни театарски претстави. Поранешниот директор на Охридско лето, Васил Зороски, вели дека програмата за оваа година е една од најатрактивните во последните неколку години.

„Слушајќи ги сите имиња. кои ми се добро познати, мислам дека фестивалот годинава ќе биде на рамништето на светските фестивали според тие имиња. Навистина ова е избор на светски звезди од музичката репродуктивна сцена“, рече Зороски.

XS
SM
MD
LG