Достапни линкови

Тетово затворен град за слепи луѓе


Илустрација - сигнализација за слепи луѓе.

Илустрација - сигнализација за слепи луѓе.

Двесте слепи и слабовидни лица колку што официјално брои Здружението на слепи лица во Тетово во градот живеат на маргините на општеството. Во Тетово не постои ниту еден вид од специјалните инфраструктурни елементи за слепи лица.

Слепите и слабовиди лица во Тетово немаат основни услови за движење и социјализација. Причините се во неповолната инфраструктура во градот и непостоењето на било каква форма за нивно активно вклучување во општеството.

Има несовесни граѓани што ги паркираат колите на сред тротоар. Кај ќе помине тоа слепо лице. Тротоарите се несоодветни за слепи лица да поминуваат, со дупки. Не само за нас и за други инвалиди.

Хамди Џемаили, претседател на здружението на слепи лица, објаснува дека нивните членови во Тетово како град со висока фреквенција на луѓе и возила евентуалното движење или било каква активност можат да ги направат само доколку имаат друг човек покрај себе.

„Знаете, еден од најгусто населените градови во Македонија е Тетово. Има несовесни граѓани што ги паркираат колите на сред тротоар. Кај ќе помине тоа слепо лице. Тротоарите се несоодветни за слепи лица да поминуваат, со дупки. Не само за нас и за други инвалиди“, објаснува Џемаили.

Во Тетово не постои ниту еден вид од специјалните инфраструктурни елементи за слепи лица.

„Баравме звучни семафори, да ги постават на оние места каде што мислиме дека треба да бидат. Но, за жал, и со градоначалничката зборувавме за тоа, нема ништо за нас слепите овде. Од инфраструктура за нас слепите во Тетово нема ништо. Патека, и тоа бараме да има. Патека посебна за слепи лица, но и тоа го нема“, вели Хамди.

За слепите лица нема никаква можност за социјализација, освен турнир во шах кој самите одвај успеваат да го организираат. Здружението има годишен план за работа, но нема доволно пари за да ги реализира.

„Ние имаме годишна програма каде што е зацртано таа програма да ја спроведеме. Но за жал таква е ситуацијата што финансиски не можеме таа програма целосно да ја спроведеме. Инаку ние имаме и други активности-атлетика, имаме гол-бал за слепи лица, шах, имаме дружења, екскурзија но за жал финансиите ни се така што екскурзијата од членови самите нешто даваме за да ја спроведеме таа програма“, вели претседателот на здружението.

Како слепи и слабовидни лица во тетовското здружение се водат околу 200 луѓе.

XS
SM
MD
LG