Достапни линкови

Талибански напад врз хотел во Кабул


Кабул

Кабул

Цела ноќ траеле борбите меѓу вооружени лица кои нападнеле еден хотел во дипломатскиот кварт на авганистанскиот главен град Кабул. Притоа, како што соопштија властите, биле убиени четворица напаѓачи. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците наведувајќи дека тој бил насочен против окупациските сили во земјата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека немало други жртви. Во изминативе неколку недели во Кабул е регистрирана серија напади во места каде што се движат странци.

XS
SM
MD
LG