Достапни линкови

Српскиот премиер Вучиќ во посета на Албанија


Еди Рама, Александар Вучиќ

Еди Рама, Александар Вучиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Албанија. Тој ќе се сретне со неговиот албански колега Еди Рама, со шефот на државата Бујар Нишани, со претседателот на парламентот Илир Мета и со градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша. Во текот на вториот ден од посетата Вучиќ ќе учествува на економски форум на кој ќе присуствуваат и други премиери од регионот.

XS
SM
MD
LG