Достапни линкови

Русија го раскина договорот за воените бродови со Франција


Руските власти соопштија дека го раскинуваат договорот со Франција вреден 1,4 милијарди евра за испорака на два воени брода Мистрал. Во септември францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека бродовите нема да бидат испорачани во Русија поради улогата на земјата во конфликтот во источна Украина. Според руските власти, сега останува само една работа за расправа околу сумата на пари која земјата треба да ја добие од Франција. Властите најавија и дека планираат сами да изградат слични бродови кои нема да бидат копија на Мистрал.

XS
SM
MD
LG