Достапни линкови

ОН против законот за „странски агенти“ на Киргистан


Комесарот за човекови права на ОН го повика Киргистан да го разгледа предлог законот за „странски агенти“, кој, според соопштението може да има негативно влијание врз многу организации кои работат во земјата. Предлог законот налага невладините организации во Киргистан кои добиваат пари од странство и вршат политички активности да бидат регистрирани како странски агенти. Терминот политички активности, како што се наведува во соопштението, не е дефиниран што всушност претставува. Киргистанскиот Парламент треба утре да расправа по предлог законот.

XS
SM
MD
LG