Достапни линкови

logo-print

Русија-Започна постапката за испорака на ракетниот систем на Иран


Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабоков

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабоков

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабоков изјави дека е започната постапката за испорака на напредниот ракетен систем за воздушна одбрана на Иран. Но, според него датумот за испорака се уште не е одреден. Русија во 2010 година ги замрзна плановите за испорака на ракетниот систем С-300 до Иран, поради санкциите на ОН врз земјата. Но, во април претседателот Владмир Путин ја укина забраната откако беше постигнат рамковен договор меѓу Иран и шесте светски сили за нуклеарната програма на земјата.

XS
SM
MD
LG