Достапни линкови

Заврши третата лидерска средба, четврта за една недела


Во Клубот на пратеници во Скопје заврши третата средба на претседателите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Кратки изјави дадоа Заев, Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ и Луан Треси од ДПА, кои рекоа дека денешниот состанок бил искористен за информирање на Ахмети и Тачи за она што во минатата недела во Стразбур разговарале Груевски и Заев. Денеска е договорено во почетокот на наредната недела да биде одржана нова лидерска средба.

Како и на претходните две, и на оваа средба учествуваа амбасадорите на Соединетите држави и на Европската унија во Македонија Џес Бејли и Аиво Орав. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок беше придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Заев беше во друштво на заменик-претседателката на партијата Радмила Шеќеринска, а Ахмети и Тачи беа заедно со Артан Груби и Луан Треси.

XS
SM
MD
LG