Достапни линкови

logo-print

Борби во источна Украина, четири жртви


Четворица проруски бунтовници, еден украински војник и еден цивил загинале во судирите во источна Украина во изминатите 24 часа и покрај примирјето постигнато во февруари во Минск. Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко изјави дека и 12 војници биле повредени во борбите со проруските бунтовници. Најжестоките борби се одвивале во Широкине во близина на пристанишниот град Мариупол. Властите од сепаратистичкиот регион Луханск потврдија дека четворица проруски бунтовници биле убиени, а тројца повредени во судирите.

XS
SM
MD
LG