Достапни линкови

Лидерите на пауза за консултации


По нешто повеќе од еден час разговори во Клубот на пратеници во Скопје, претседателите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, излегоа на пауза. Сите четворица лидери заедно со своите придружници седат на различни маси и се консултираат за продолжението на средбата, на која разговараат за начините за надминување на политичката криза во земјата.

Покрај нив на средбата учествуваат и амбасадорите на Соединетите држави и на Европската унија во Македонија Џес Бејли и Аиво Орав. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок е придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Заев е во друштво на заменик-претседателката на партијата Радмила Шеќеринска, а Ахмети и Тачи се заедно со Артан Груби и Луан Треси.

До оваа средба доаѓа по повеќечасовните разговори меѓу делегации на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ предводени од нивните лидери Груевски и Заев во минатата недела во Стразбур.

XS
SM
MD
LG