Достапни линкови

Шчербак-Дестабилизација на Македонија не одговара никому


Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак

Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак

Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак изјави денеска дека без разлика на тоа дали некоја Влада на некој му се допаѓа или не, треба да се почитува, бидејќи претставува избор на македонскиот народ. Тој на денешното врачување медал на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски порача и дека Русија како пријател на Македонија е загрижена поради обидите за дестабилизација на земјата, која не им одговара ниту на интересите на граѓаните, ниту на регионот. Според него, Македонија како развиена држава ги има сите инструменти и капацитети да сфати од која страна и доаѓа заканата и да ги утврди патишта за решавање на тој проблем.

Шчербак нагласи и дека не се согласува со изјавата на американскиот државен секретар Џон Кери дека Македонија се наоѓа на линија на огнот меѓу Истокот и Западот, односно на линија на огнот меѓу Русија и САД.Како објективен набљудувач на ситуациите, наведува тој, не можат да не забележат дека тука се користат истите сценарија што беа користени и во Грузија, Киргистан, Украина и во Египет. Според него, таквите сценарија е многу тешко да се реализираат само од внатре.

XS
SM
MD
LG