Достапни линкови

Белата куќа со поддршка за Ирак


Американскиот потпретседател Џо Бајден во телефонски разговор со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ја повторил американската поддршка и оддал признание за, како што е соопштено, „огромната пожртвуваност и храброста на ирачките сили“. До ова дојде откако американскиот секретар за одбрана Ештон Картер ги критикуваше ирачките сили во врска со паѓањето на градот Рамади во рацете на милитантите на Исламската држава. „Ирачките сили покажаа дека немаат волја да се борат“, изјави тој, додавајќи дека тие се повлекле од градот и покрај тоа што нивниот број бил поголем од непријателските сили. Ирачкиот премиер Абади ова го оцени како изјава на министер кој немал доволно информации.

XS
SM
MD
LG