Достапни линкови

logo-print

Владата ќе решава кој ќе биде шеф на УБК


Сашо Мијалков

Сашо Мијалков

Македонската влада на денешната седница, како што најавуваат повеќе македонски медиуми, повикувајќи се на владини извори, ќе треба да реши кој ќе го замени Сашо Мијалков, досегашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој пред две недели поднесе оставка, како што наведе, за да придонесе во надминувањето на политичката криза во земјата. На седницата владата треба да расправа и за тоа кој ќе биде нов директор на Бирото за јавна безбедност. Досегашниот директор Митко Чавков, стана министер за внатрешни работи, откако Гордана Јанкуловска поднесе оставка.

XS
SM
MD
LG