Достапни линкови

Нова лидерска средба во Скопје


Претседателите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе разговараат за начините за надминување на политичката криза во земјата. Покрај нив на средбата ќе учествуваат и амбасадорите на Соединетите држави и на Европската унија во Македонија Џес Бејли и Аиво Орав. До оваа средба доаѓа по повеќечасовните разговори меѓу делегации на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ предводени од нивните лидери Груевски и Заев во минатата недела во Стразбур.

XS
SM
MD
LG