Достапни линкови

Времето денеска: умеренo облачно


Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за појава на краткотраен дожд претежно во западните планински делови и сосема на југоистокот од земјава. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 22 до 29 степени. Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и до крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

XS
SM
MD
LG