Достапни линкови

Мектиќ-Да се преземат мерки против тероризмот во БиХ


Босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ изјави денеска дека тероризмот станува проблем за БиХ и треба да се преземат мерки за негово спречување. Според него, има идеологија, која го прифаќа, поддржува, поттикнува и финансира тероризмот и тој не може да дозволи една мала група измамници, криминалци и терористи да бидат закана за безбедноста на граѓаните во земјата.

Тој ја даде изјавата по средбата со министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукаќ со кого разговарал за формирање група за борба против тероризмот, која, според нив, наскоро ќе биде активирана.

XS
SM
MD
LG