Достапни линкови

Позлатена статуа на претседателот на Туркменистан


Статуата на Гурбангули Бердимухамедов

Статуата на Гурбангули Бердимухамедов

Позлатена статуа од претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов, како тој јава на коњ е поставена во главниот град Ашгабат. Аналитичари соопштија дека статуата претставува симбол за култот на личноста на претседателот на централно азиската нација.

Студенти при поставувањето на статуата извикувале „Слава за Аркадаг“, референца за официјалната титула на Бердимухамедов на заштитиник на земјата. Статуата е висока 21 метар и беше денеска поставена по повод денот на Ашгабат.

XS
SM
MD
LG